Без струја делови од Куманово и повеќе села
Делови од Куманово и повеќе села денеска и во наредните денови ќе останат без електрична енергија поради планирани прекини во снабдувањето.
Денеска од 09:00 до 11:00 часот, без струја ќе бидат потрошувачите во населбата Ајдучка Чешма, односно улиците „524“, „525“ и „526“, како и дел од улицата „300“, од барата до магистралата.
Во понеделник, од 09:00 до 11:00 часот, прекин во снабдувањето е планиран во Здружението на возачи кај Железничката станица во Куманово. Истиот ден, од 12:00 до 14:00 часот, без електрична енергија ќе биде објектот „Игор 97“ во Доброшане.
На 10 септември, од 09:00 до 11:00 часот, прекин е најавен во селата Косматац, Мургаш, Пезово, Кшање, Кокошиње и Кутлибег.
Подолг прекин е планиран за 24 септември, од 08:30 до 15:00 часот, кога без електрична енергија ќе бидат Војник, Клечовце, Зубовце, Новосељане, Косматац, Мургаш, Кутлибег, Пезово, Кокошиње, Кшање, Скачковце, Колитско, Габреш, Кучкарево, Орман, Градиште и Стрезовце.
Прекините се планирани поради интервенции на електродистрибутивната мрежа.