Мени

Четворица повредени при судир на автомобил и мотор на раскрсница во Куманово

26.05.2026 11:31 | KumanovoNews

Четири лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила на раскрсницата меѓу булеварот „Трета македонска ударна бригада“ и улицата „ЈНА“ во Куманово.

Четворица повредени при судир на автомобил и мотор на раскрсница во Куманово

Несреќата се случила вчера во 18:45 часот, кога патничко возило „Фолксваген Голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 24-годишната Л.Ш. од селото Романовце, се судрило со мотоцикл „Кавасаки“, исто така со кумановски регистарски ознаки, управуван од Љ.Р. (27) од селото Черкези. По судирот, автомобилот „Голф“ удрил и во патничко возило „Цитроен“, кое било запрено и управувано од А.Р. (43) од Куманово.

Во несреќата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, додека со телесни повреди се здобиле Л.Ш. и нејзините сопатници М.Ш. (51) и еден малолетник, двајцата од Куманово. Повредите биле констатирани во Општата болница во Куманово.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Куманово.