Делови од Куманово и три села денеска и во недела без струја
Поради планирани работи на електродистрибутивната мрежа, во текот на денешниот ден и во недела без електрична енергија ќе останат повеќе населени места и улици во Куманово.
Денеска во периодот од 08:30 до 15:30 часот, без струја ќе бидат липковските села Никуштак, Виштица и Матејче.
Во недела, 5 јули, од 08:30 до 14:30 часот, прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе има во ООУ „Христијан Карпош“ и на улиците Иво Андриќ, Радоје Димиќ, Веселин Маслеша, Будимир Димковски, Милентие Поповиќ, Благој Пецкалија, Бранко Радичевиќ, Ратко Митровиќ, Михајло Пупин, 30-ти Јули, Стево Филиповиќ и Руѓер Бошковиќ.
Од надлежните апелираат граѓаните навреме да ги планираат своите обврски за време на најавените прекини во снабдувањето со електрична енергија.