ИТ компанијата „Дигиком“ ги проширува услугите и во Куманово
Компанијата „Дигиком“, која нуди ИТ поддршка, одржување на мрежи, сајбер безбедност и продажба на компјутерска опрема, сега е достапна и во Куманово.
Услугите на „Дигиком“ се наменети за сите компании што имаат потреба од сигурна и редовна ИТ поддршка, како и од безбедна и стабилна информатичка инфраструктура.
„Нашата цел е компаниите од Куманово да добијат сигурна техничка ИТ поддршка, без да чекаат проблемот да стане сериозен за да реагираат. Секој застој во системот значи изгубено време и дополнителни компликации. Најважно е системот да работи стабилно, а податоците да бидат заштитени“, велат од „Дигиком“.
Во понудата за бизнис-корисници се вклучени одржување на компјутерски системи, инсталација и одржување на мрежи, Wi-Fi и мрежна опрема, VPN и firewall решенија, како и услуги од областа на сајбер безбедноста. Овие услуги обезбедуваат заштита на деловните податоци, побезбедна комуникација и намален ризик од проблеми што можат да го нарушат работењето на компаниите.
„Многу компании сметаат дека ваквите услуги им се потребни само ако се големи. Во пракса, и мала канцеларија со неколку компјутери, печатач и интернет-мрежа има потреба од уреден и безбеден систем. Затоа нашите услуги се достапни за сите и се прилагодени на потребите и на малите и на големите бизниси. Нудиме поддршка за сметководствени бироа, ординации, продавници, магацини и за сите други деловни субјекти“, додаваат од „Дигиком“.
Покрај услугите за бизнис-корисници, „Дигиком“ нуди сервис и за приватни корисници, како и продажба на ИТ опрема. Во понудата се достапни компјутери, лаптопи, монитори, периферни уреди, мрежна опрема и други производи, а клиентите можат да изберат готови или конфигурирани компјутерски решенија според своите потреби и буџет.
„Не работиме само со фирми. И приватните корисници можат кај нас да добијат совет, сервис или да изберат конфигурација што навистина им одговара, без разлика дали им треба компјутер за дома, за канцелариска работа или за gaming“, велат од „Дигиком“.
Во понудата се и експресен сервис, поправки, надградби, како и можност за нарачка на опрема и избор на решение според намената. Со тоа, „Дигиком“ во Куманово се позиционира како компанија што на едно место ги обединува ИТ поддршката за бизниси и услугите што им се потребни на приватните корисници.
„Дигиком компјутери“ можете да ги контактирате на телефонските броеви 02 240 10 10, 070 27 66 69 или на мејл, [email protected]
Комерцијален текст*