Дизелот поeвтинува за осум, а бензините за четири денари по литар
10.08.2026 14:27
| KumanovoNews
Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 4 денари по литар, а цената на дизелот се намалува за 8 денари.
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) одлучи намалувањето на малопродажните цени на нафтените деривати да биде во просек за 5,81 отсто.
Новата максимална малопродажна цена:
Еуросупер БС – 95 ќе изнесува 87 денари за литар,
Еуросупер БС – 98 ќе се продава за 89 денари за литар,
Еуродизел БС (Д-Е V) за 91,5 денари за литар.
Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 6 денари за литар и ќе изнесува 92,5 денари.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, пак, се намалува за 2,881 денари за килограм ќе изнесува 43,538 денари.