До четврток сончево и топло, од петок дожд и пониски температури
18.02.2019 10:07
| KumanovoNews
Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со слаб променлив ветер.

Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 18 степени.
До четврток времето ќе се задржи претежно сончево и потопло. Од петок се очекува наоблачување со локални слаби врнежи, засилен северен ветер и значително опаѓање на дневната температура за време на викендот.