Донација од Општината за Здружението на пeнзионери Крива Паланка
11.03.2019 13:29
| KumanovoNews
Општина Крива Паланка во соработка со фирмата Ледер од Кочани, денеска донираше околу шеесетина столчиња на Здружeнието на пензионери од Крива Паланка.

Ова е само дел од инвентарот кој е потребен за извршување на редовните активности на пензионерите, а кои најчесто се одвиваат во просториите на Пензионерскиот дом. Во насока на унапредување на соработката и подобрување на условите на активностите на пензионерите Општина Крива Паланка, ја организираше и ја спроведе оваа донација, - соопштуваат од Општината.