Драгоманце и делови од „Перо Чичо“ денеска и утре без струја
27.01.2025 09:15
| KumanovoNews
Денеска утре ќе има прекин во снабдувањето со електрична енергија во село во Старо Нагоричане и во кумановска населба

„Поради планирани дефекти без напојување сo електрична енергија денеска од 09,00 до 13,00 часот ќе биде селото Драгоманце, делот спроти ф-ка Бонум. Утре од 09.00 до 12.00 часот струја ќе немаат потрошувачите на улиците: 30 Jули, објектите околу СОУ „Христијан Карпош“, 6-ти Април, дел од ул. Веселин Маслеша“, соопштува ЕВН.