Дрога пронајдена при претрес во дом на кумановец
16.03.2026 10:43
| KumanovoNews
Дваесет и шестгодишен кумановец е приведен откако во неговиот дом била пронајдена дрога.
При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, биле пронајдени марихуана, кокаин, амфетамин, таблети екстази, дигитална вага и банкноти.
„Лицето било приведено во полициска станица, а по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти МВР.