×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Две недели не работат семафорите на раскрсницата на „Октомвриска“ кај „Жмара“

    10.05.2022 16:22 | Сузана Николиќ

    Повеќе од десетина дена не работи вертикалната сигнализација на една од најфреквентните раскрсници во градот, на булеварот „Октомвриска револуција“ и улицата „Пионерска“.

    Две недели не работат семафорите на раскрсницата на „Октомвриска“ кај „Жмара“

    Граѓаните реагираат, бидејќи овде движењето е опасно не само за пешаците, туку и за возачите.

    „Со страв поминуваме секој ден. Ги водам децата на училиште затоа што се плашам да ги пуштам сами. Овде не е безбедно да се поминува и кога работат семафорите, затоа што во исто време се отвораат зелните светла за пешаците и за возачите што вртат лево и десно, а и многу брзо се вози. Не знам што е проблемот, но долго семафорите не работат и треба под итно да ги поправат“, вели кумановка, која ја сретнавме на улицата.

    Сигнализацијата е прекината затоа што фали еден од семафорите. Најверојатно е скршен во сообраќајна незгода пред две недели, и оттогаш никако да се поправи.