Двегодишно дете испило бензин, трет случај на труење во Куманово за помалку од еден месец
Двегодишно дете синоќа било донесено на Детското одделение во во Општа болница Куманово откако испило бензин.
Случајот во СВР Куманово го пријавиле околу 22:30 часот од Општа болница Куманово.
Ова е трет случај на труење на мало дете во Куманово во последниот месец.
На 30 јули, двегодишно дете било затруено со средство за разредување боја. По укажаната лекарска помош во Кумановската болница, детето било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување.
На 9 август, пак, во Кумановската болница било донесено двегодишно дете кое се затруло со лекови. По укажаната медицинска помош, детето било пуштено на домашно лекување.
И во двата претходни случаи и сега полицијата работи на расчистување на околностите под кои дошло до труењата.