Двегодишно дете испило таблети што ги користела мајка му
07.03.2019 15:16
| KumanovoNews
Двегодишно дете испило повеќе таблети, поради што било препратено на лекување на клиниките во Скопје.

Вчера во 17.15 часот во СВР Куманово, од Кумановската болница било пријавено дека кај нив било донесено двегодишно дете од Куманово, кое, по исказ на неговата мајка, испило неколку таблети кои таа ги користела.
Детето било препратено во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.