Едногодишно дете затруено со детергент
14.10.2026 14:13
| KumanovoNews
Едногодишно дете вчера било донесено во Кумановската болница, со знаци за труење од детергент.
Случајот во полиција го пријавиле лекарите.
„Во 21:32 часот во СВР Куманово, од Општа болница Куманово e пријавено дека кај нив било донесено едногодишно дете, затруено од детергент. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.