Европски денови на култура во Куманово
До четврток ќе трае манифестацијата “Европски денови на културата“, која ја организира Народниот музеј Куманово.
По тој повод деновиве се организираат низа настани: изложби, посета на археолошките локалитети и цркви во кумановската околина.
НУ Музеј Куманово и оваа година по повод “Европски денови на културата“ организира настани. Музејските работници направија научна екскурзија посетувајќи ги нашите познати локалитети. Денеска е закажана ревија на етнолошки документарен филм, односно филмови од фондот на кумановскиот музеј ќе бидат прикажани пред средношколците во Гимназија “Гоце Делчев“. Утревечер се отвара изложба на појаси од кумановско и уште една изложба преземена од етнологот Наде Геневска Брачиќ од Битола за градската носија од битолскиот крај - изјави Надица Петковиќ, кустос етнолог во Музеј Куманово и координатор на манифестацијата.
Петковиќ планира да ја прошири соработката и со останатите средни училишта во градот со цел етнолошките документарни филмови да бидат прикажани пред поголем број на средношколци.