×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Флекс Кредит доби награда за најдобарa „Employer branding – кампања за 2023 година“

    20.04.2024 09:37 | KumanovoNews

    Втора година по ред специјализираниот портал за вработување - vrabotuvanje.com ја организира манифестацијата „Работодавач на годината“, манифестација на која ги прогласува најдобрите работодавачи и најдобрите практитки имплементирани во полето на човечките ресурски за годината.

    Флекс Кредит доби награда за најдобарa „Employer branding – кампања за 2023 година“

    Флекс Кредит оваа година доби награда за најдобарa „Employer branding – кампања за 2023 година“.

    Оваа награда е уште една потврда дека луѓето, вработените ни се секогаш на прво место! Изминатата година имавме голема експанзија и го збогативме тимот за нови 110 вработени со крајна цел: да понудиме добра и квалитетна услуга за нашите клиенти.

    Нашите вработени може да се пофалат дека работат во компанија со многу настани, бенефиции, дружења, како и можности за кариерен раст и развој.

    Работобарателите, пак, не препознаваат по активностите кои ги креиравме кон нашите вработени, како и по можностите за кариерен развој, 2023 година ја започнавме со нашата стратегија за „Employer Branding“ во која го синтетизиравме искуството, идеите и желбите и ги претворивме во реализација, со цел креирање на визија на „Работодавач кој претставува прв избор при вработување“.

    Креиравме долгорочна стратегија со точни и прецизни насоки каде сакаме да стигнеме, да привлечеме вработени кои ќе го делат успехот со нас и кои ќе овозможат оддржливост на долг рок, додека истовремено уживаат во секој момент во работењето во Флекс Кредит.

    Оваа награда ни е прва и многу значајна и истата ја посветуваме на сите кои веруваа во нас, на нашите колеги, на нашите претпоставени и на нашите семејства - изјави Лилјана Бојковска - Менаџер за човечки ресурси во Флекс Кредит.

    (ПР текст)