„Флекс кредит“ донираше 10 тони вода за вработените, клиентите и жителите на Гостивар
Како дел од платформата „Повеќе од финансии – поддршка за заедницата“, преку која „Флекс кредит“ континуирано ја покажува посветеноста кон општеството надвор од своето основно работење, финансиското друштво организираше хуманитарна акција за донација на питка вода во Гостивар.
Оваа иницијатива е уште еден чекор во потврдувањето на принципот дека бизнис успехот има смисла само кога му служи на општеството. Преку оваа иницијатива беа обезбедени и испорачани вкупно 1.110 пакети вода, односно 10 тони питка вода.
Донацијата беше спроведена во две клучни фази, со цел да се опфатат сите категории на граѓани на кои оваа поддршка им беше неопходна. Пет тони вода беа распределени директно во филијалите на „Флекс кредит“ во Гостивар, наменети за секојдневните потреби на вработените, нивните семејства, клиентите како и сите минувачи на кои им беше потребно освежување во текот на денот.
Останатите 5 тони вода беа насочени директно кон жителите на Гостивар и беа распределени преку посебно поставени пунктови на неколку фреквентни локации низ градот, овозможувајќи брза и брзо достапна поддршка за сите граѓани.
Оваа активност е дел континуираното вложување на “Флекс креит“ во заедницата и безрезервна поддршка онаму каде што е најпотребно.
„Грижата за заедницата не е кампања, туку наша секојдневна обврска. Кога постои потреба од конкретна поддршка на терен, наша должност како општествено одговорна компанија е да бидеме присутни и да помогнеме. Се надеваме дека со овие 10 тони вода успеавме барем за момент да им го олесниме секојдневието на нашите сограѓани во Гостивар,“ изјавија од раководството на „Флекс кредит“.