Мени

Голем шаховски турнир ќе се одржи во Куманово

17.04.2026 13:43 | KumanovoNews

Куманово четири дена ќе биде домаќин на голем шаховски турнир, кој ќе се одржи од 29 мај до 1 јуни, во организација на Градскиот шаховски клуб „Куманово“ и ШК „Фишер“.

Голем шаховски турнир ќе се одржи во Куманово

„Куманово опен 2026“ е турнир наменет за сите заинтересирани шахисти со рејтинг под 2250 поени, а пријавувањето трае до 28 мај.

„За првпат во Куманово се организира турнир во стандарден шах, што му дава посебно значење на овој шаховски фестивал и претставува нов чекор во развојот на шахот во градот“, велат организаторите.

За победниците се обезбедени пехари, медали и специјални награди, како и богат награден фонд од 100.000 денари.

Турнирот ќе се одржи во ресторан „Грација“ во Куманово.