Мени

Игор Џамбазов добитник на наградата „Васил Иљоски“ на „Денови на комедија 2026“

28.07.2026 18:15 | KumanovoNews

Актерот Игор Џамбазов е добитник на престижната награда „Васил Иљоски“ за особен придонес во театарската уметност, што ја доделуваат Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија 2026“ и Советот на фестивалот.

Игор Џамбазов добитник на наградата „Васил Иљоски“ на „Денови на комедија 2026“

Од фестивалот соопштија дека признанието му се доделува како на истакнат актер, писател, музичар и еден од најпрепознатливите уметници на македонската сцена.

„Неговата исклучителна актерска дарба, неповторливиот хумор и повеќедеценискиот придонес во театарската и културната уметност оставија неизбришлива трага кај публиката и заслужено го вбројуваат меѓу најголемите имиња на македонската комедија“, велат од фестивалот.

Свеченото врачување на наградата ќе биде на отворањето на годинашното издание на Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“, на 23 септември 2026 година, во Големата сала на Центарот за култура во Куманово.