Исчезна 14 годишно девојче
01.10.2019 16:07
| KumanovoNews
Малолетно девојче исчезнало од домот на нејзините родители од липковското село Оризари.
Случајот во СВР Куманово, вчера во 12 часот го пријавила нејзината мајка Ш.Ш.(46) од с.Оризари, Општина Липково.
Таа пред полицијата изјавила дека од домот се оддалечила нејзината 14- годишна ќерка.
Девојчето и претходно во неколку наврати бегала од дома и била враќана назад.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на детето.

