Мени

Исчкртана табла и испишан графит „УЧК“ на просториите на КУД „Српски вез“ во Куманово

27.07.2026 16:48 | KumanovoNews

На просториите во кои работи Културно-уметничкото друштво „Српски вез“ во Куманово, била исчкртана таблата и испишан е графит „УЧК“. Просториите се наоѓаат во Центарот за култура во Куманово.

 

Исчкртана табла и испишан графит „УЧК“ на просториите на КУД „Српски вез“ во Куманово

Случајот е пријавен во полиција и се преземаат мерки за откривање на сторителите.

„Ве информираме дека настанот е пријавен во СВР Куманово, извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти полицијата.

Министерот за локална самоуправа и претседател на Демократската партија на Србите во Македонија (ДПСМ), Иван Стоилковиќ, го осуди настанот и побара сторителите да бидат санкционирани.

„Ксенофобијата со примеси на шовинизам е константно присутна во јавноста, а особено е изразена во последните две години, откако ДПСМ е дел од Владата. Насилничкото, деструктивно и нецивилизирано однесување врз имотот и просториите каде што со фолклор се занимаваат повеќе од 200 деца, како и скрнавењето со натписот „УЧК“, се нешто што и државата и јавноста треба најостро да го осудат и санкционираат“, напиша Стоилковиќ.

На видеото, кое е јавно достапно, се гледа како две лица пристигнуваат со автомобил пред зградата, излегуваат од возилото и го оштетуваат ѕидот на просториите.