×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Избрани новите членови на Извршниот и Надзорниот одбор на СДСМ Куманово

    12.05.2022 19:59 | Сузана Николиќ

    Делегатите на Изборната конференција на СДСМ Куманово ги избраа новите членови на Извршниот и Надзорниот одбор на партискиот огранок.

    Избрани новите членови на Извршниот и Надзорниот одбор на СДСМ Куманово

    За членови на Извршниот одбор на СДСМ Куманово избрани се: Бојан Стојковски, Ивана Николиќ, Драган Петровски, Даниел Трајановски, Дарко Петковски, Ана Денковиќ-Антевска, Биљана Ивановска, Дарко Ристевски, Виктор Божурски, Марија Доневска-Голубовиќ, Ивица Цветковиќ, Ивана Величковска, Стефан Темелковски, Кристина Ангеловска, Андријана Недељковски, Јелена Здравковска, Фатљум Ахмети и Лехонте Демировиќ. 

    Надзорен одбор го сочинуваат: Александар Владевски, Ика Ѓорѓевиќ, Елена Михајловска- Серафимовска, Биљана Филиповиќ и Ана Ангеловска.   

    Претседателот Александар Тушевски кажа дека во партиските органи се избрани луѓе докажани во своите професии, луѓе кои уживаат интегритет и почит меѓу кумановци. 

    „Ова е мојот тим, во кој што длабоко верувам и заедно ќе се бориме за подобро Куманово. Со овие луѓе ќе делуваме чесно и одговорно и ќе креираме политики кои ќе придонесат за подобар живот на кумановци. Сакам да го пофалам овој тим, за конструктивноста и ентузијазмот што го имаат во себе и за социјал-демократските вредности што ги делиме заедно. Верувам дека заедно, со многу работа и труд ќе го обединиме членството на СДСМ во Куманово, ќе застанеме сите сложно на браникот на социјал-демократските вредности и ќе го вратиме победничкиот дух на нашата организација“, кажа Тушевски на денешната прес-конференција.

    Тој додаде дека позитивниот став, убавата мисла и чесното работење ќе бидат основните вредности во наредниот период.

    Во тимот има доктори, архитекти, адвокат, психолог, правници, професори, уметници и економисти, кои луѓе оставиле траен печат во нашето општество.

    „Имаме доктор кој помогна на илјадници наши сограѓани да го победат ковид вирусот, имаме психолог жена која отвори Академија за мултитаскинг едукација на нашите дечиња, имаме архитект и спортски работник кој со својот труд обезбеди пехар за тим составен од млади деца во Куманово. Солидарноста, хуманоста и меѓусебното почитување се основни социјал демократски вредности на кои почива нашето делување и функционирање како политички субјект во нашата држава. Сите ние сме должни на нашите сопартијци кои со голема верба учествуваа во создавањето на ОО СДСМ Куманово. Благодарност до целото членство на СДСМ и Ви ветувам дека заедно ќе оствариме победи и успеси“, порача Тушевски.