Изгореа две куќи во кумановско
04.02.2019 08:22
| KumanovoNews
Две куќи изгореа во текот на вчерашниот ден на продрачјето на Општина Куманово.

Според извештајот на Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК), вчера во 8 часот избувнал пожар во куќа на ул. 114 бр. 15 во населбата Карпош. Во пожарот целосно изгорела кровна констукција и кат под покривот. Седум пожарникари со две возила го гаснеле пожарот од 8 до 12.40 часот.
Вториот пожар е регистриран во селото Романовце. Куќата се запалила околу 14 часот, а пожарот е локализиран во 17.40 часот.
Причините за избувнување на пожарот во двете куќи и матерјалната штета допрва ќе се утврдуваат.