Изгубил контрола на возилото и удрил во дрва и столб
17.02.2019 09:27
| KumanovoNews
На автопатот Куманово - Скопје, ноќеска во 4.40 часот едно лице е повредено откако возилото излеталo од патот.

Д.В.(37) од Скопје управувајќи патничко моторно возило „БМВ“ со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во дрвја и столб. Возачот се здобил со тешки телесни повреди и пренесен е во комплекс клиники "Мајка Тереза" во Скопје. Извршен е увид на местото на настанот.