Излезе од печат неделникот “Плоштад“
11.10.2013 13:20
| KumanovoNews
Денеска излезе од печат првиот број на неделниот весник “Плоштад“.

Целта на редакцијата на “Плоштад“ е граѓаните да бидат информирани за локалните настани и случувањата во градот.
Преку неделникот граѓаните ќе добиваат комплетна слика за активностите на партиите, градоначалникот, администрацијата, советниците, јавните претпријатија и слично.- вели сопственикот на Плоштад, Марјан Петрушевски.
Весникот ќе излегува секој петок и ќе се продава по 20 денари.