Изложба на фотографии „Мојот интеркултурен дом“
06.03.2019 14:45
| KumanovoNews
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, утре (7.03.) во 12 часот ќе биде отворена изложба на фотографии „Мојот интеркултурен дом“.
Изложбата ја организира здружението „Креатор“ Куманово, а се состои од фотографии на млади аматери од Македонија, Црна Гора и Албанија.
Изложбата пренесува пораки за соработка, почитување, толеранција, прифаќање на различностите.
Движечката изложба на фотографии која се организира во рамки на проектот „Rainbow Bridge“ финансиран од страна на Регионалната канцеларија за младинска соработка - РИКО.
Изложбата ќе ја отвори претставникот на РИКО во Македонија, Алберт Хани.