Изложба на слики на Валмир Азири во Куманово
07.11.2024 07:19
| KumanovoNews
Во Центарот за култура во Куманово, вечерва во 19 часот, ќе биде отворена изложба на слики под наслов “Ad TERRA” од ликовниот уметник Валмир Азири.

Изложбата е дел од неговата најнова продукција и содржи 34 слики.
Валмир Азири е роден во 1977 година во Тетово. Дипломирал и магистрирал на Факултетот за уметности при Универзитетот во Тетово, на отсекот за графички дизајн во класата на професорот Сафет Спахиу. Тој е член на Здружението на ликовните уметници, има реализирано независни изложби, а исто така учествувал во многу колективни изложби.
Изложбата во Куманово ќе биде поставена до 13 ноември 2024.