Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Уметничката галерија во Куманово утре во 19.30 часот ќе биде отворена изложба на уметничка фотографија „Православие“.
На изложбата ќе бидат претставени 32 фотографии изработени од српскиот уметник Рајко Р. Каришиќ од Белград, Р. Србија.
„На изложбата ќе бидат изложени фотографии, од манастири и православниот живот од Балкан со посебен осврт на манастирот Хиландар од Света гора. Посебна тежина на изложбата даваат и фотографиите настанати од манастирите во Македонија“, велат организаторите.
Изложбата ја организира Здружението за промоција на интелектуални, мултикултурни и спортски вредности - МОТУС од Куманово, преку својот Фото клуб – Мотус е организатор на настанот. Со финансиска поддршка од Општина Куманово, во износ од 10 илјади денари. Покровител е Фото Сојузот на Македонија.