Јасмина Георгиевска нов координатор на даночното одделение на УЈП Куманово
03.09.2019 11:50
| KumanovoNews
Јасмина Георгиевска, дипломиран правник, е нов координатор на даночното одделение на УЈП во Куманово.
Таа вчера официјално ја преземала должноста во одделението.
„ За мене лично ова е голем професинален предизвик, а моја основна цел ќе биде да пружиме квалитетнa услугa на даночните обврзници, - изјави Георгиевска, за Кумановоњус.
Георгиевска доаѓа од ЈП „Чистота и зеленило“, каде 9 години работела во правниот сектор, како раководител на одделот за застапување и извршување.
Даночното одделение во УЈП Куманово, една година функционираше без координатор.

