×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Каков имот во анкетниот лист пријавил кандидатот за претседател Димитриевски

    25.03.2024 20:25 | KumanovoNews

    На претстојните претседателски избори, во првиот круг на 24 април ќе има седум кандидати и тоа актуелниот претседател Стево Пендаровски кој е кандидат на СДСМ, кандидатката на ВМРО-ДМПНЕ Гордана Сиљановска-Давкова, Стевчо Јакимовски од ГРОМ, Максим Димитриевски од ЗНАМ, Билјана Ванковска кандидатка на Левица, Бујар Османи од ДУИ и Арбен Таравари кандидат на албанската опозиција.

    Каков имот во анкетниот лист пријавил кандидатот за претседател Димитриевски

    Шест од претседателските кандидати имаат поднесено анкетни листови во Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), бидејќи и досега вршеле јавни функции. За професорката Ванкова која досега не вршела јавна функција, нема анкетен лист, пренесува порталот СДК.мк.

    Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски на свое име има куќа од 59 квадратни метри со земјиште од 1.200 метри квадратни во Куманово, земјиште од 10.000 метри квадратни во Куманово, кола „опел астра“, сопственички удели од 200.000 денари, кредити од 12.000 евра, злато во вредност од 1.000 евра и 950.000 денари  во готово. Неговата сопруга има имот во Куманово од 700 метри квадратни, удели во висина од 154.000 денари и златен накит од 120.000 денари. На име на родителите, Димитриевски пријавил куќа од 62 метри квадратни со двор, земјиште од 5.000 метри квадратни во Куманово, земјиште од 2.000 метри квадратни во Куманово и земјиште од 832 метри квадратни во Куманово. Неговите родители имаат и две коли во вредност од 260.000 денари. Децата на штедни книшки имаат 23.000 евра.