×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Казнети 85 возачи во Куманово, 16 возеле без возачка дозвола

    03.02.2024 20:13 | KumanovoNews

    Во акциска контрола на територија на општина Куманово, денеска во периодот од 09.30 до 16.30 часот казнети се 85 возачи кои не ги почитувале сообраќајните правила и прописи.  

    Казнети 85 возачи во Куманово, 16 возеле без возачка дозвола

    „Од нив 16 возеле без возачка дозвола, изречени се две мерки за возење под дејство на алкохол, четири санкции за управување моторни возила со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола,  23 санкции за непрописно вградени фолии (затемнети стакла), пет мерки за управување со брзина поголема од дозволената“, соопшти МВР.

    На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи заради побезбедни патишта.