Крадел во деловен објект кога го фатиле се обидел да побегне низ прозорец
26.12.2024 16:56
| KumanovoNews
Крадец бил затекнат во деловен објект на булеварот „3 МУБ“, а се повредил додека сакал да побегне, по што е пренесен во Кумановската болница.

„На 26 декември во 07.15 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Р. (24) од Куманово. Тој бил затекнат во деловен објект на булевар „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово додека се обидувал да одземе пари и предмети, по што се обидел да избега преку прозорец, при што се здобил со повреди“, велат од МВР.
М.Р. бил пренесен во Општа болница Куманово, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.