×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Краделе по куќи, деловни објекти и гаражи, уапсени четворица кумановци

    02.12.2021 21:12 | Сузана Николиќ

    Кумановската полиција денеска во два одвоени случео уапси четири лица од Куманово, заради тешка кражба. Двајца се сомничат дека краделе од две куќи и деловен објект, другите двајца пак краделе од гаража.

    Краделе по куќи, деловни објекти и гаражи, уапсени четворица кумановци

    „Утрово во 06 часот, полициски службеници од СВР Куманово, врз основа на судска наредба од Основен суд Куманово, ги лишиле од слобода дваесет и деветгодишниот М.З.(29) и четириесет и седумгодишниот Р.Е. поради постоење основи на сомнение дека во три наврати, на 19- ти февруари, 9 и 19-ти април годинава, со употреба на сила влегле во две куќи и еден деловен објект и одзеле разни предмети“, соопштија од СВР Куманово.

    Исто така, утрово во 06:50 часот, кумановската полиција врз основа на судска наредба од Основен суд Куманово, ги лишиле од слобода Ч.М.(19) и Е.С.(20), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека на 3-ти февруари годинава, со употреба на сила од гаража на Ф.Н. на улица „Пелинска" одзеле повеќе разни предмети.

    Четворицата уапсени биле спроведени во Основен суд Куманово за понатамошна постапка.