Kуќички за птици ќе се постават во центарот на градот
13.03.2019 08:37
| KumanovoNews
Десетина куќички за птици ќе се постават во централното градско подрачје.

Куќичките ги изработија осудени лица во казнено-поправната установа Куманово во селото Кшање, а вчера беа подарени на Центарот за култура и Техничкото училиште. Ќе се постават во централното градско подрачје за хранење на птиците, а истовремено ќе служат како прибежиште за заштита од студ.
Куќичките ги изработиле 4 осудени лица во затворската работилница за преработка на дрво.
Идејата произлезе од Центарот за култура и затворот Куманово, кои потпишаа меморандум за соработка. Минатата недела во затворот беше изведена претстава за осудените лица.