Кумановец измамен за 200.000 денари, му ветиле биткоини од 14.500 долари
15.11.2024 15:03
| KumanovoNews
Кумановец останал без 200.000 денари, откако се помамил дека ќе добие биткоини за 14.500 долари. Откако видел дека останал без пари, 45 - годишен маж вчера случајот го пријавил во СВР Куманово.
„Според пријавеното, претставувајќи се дека е од „агенција за биткоини“, лицето му кажало дека на неговата сметка има биткоини во вредност од 14.500 долари и му побарало да му го даде бројот од неговата трансакциска сметка за да му ги префрли доспеаните парични средства. Како што е пријавено, за да може да му ги префли парите требало да има 200.000 денари на сметката, а откако пријавителот подигнал брз кредит парите му биле повлечени од сметката, но не добил надомест за биткоините. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.

