Кумановец нападнал полицајци, проголтал опаковка со непозната материја и завршил во болница
06.04.2025 14:14
| KumanovoNews
Кумановец ноќеска нападнал полицајци, а потоа проголтал опаковка со непозната материја која му била пронајдена при полициска контрола.

Поради тоа бил однесен во Кумановската болница, и ќе добие соодветна пријава.
„Во 03.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека 35-годишен кумановец физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија и при тоа проголтал опаковка со непозната материја. Истиот бил пренесен во Општа болница Куманово и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава“, соопшти МВР.