Кумановец се коцкал во казино со фалсификувани долари
25.12.2024 16:23
| KumanovoNews
Кумановец добил кривична пријава затоа што во казино се коцкал со фалсификувани долари.

„СВР Куманово поднесе кривична пријава против 34-годишен кумановец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“. Пријавениот, набавил три фалсификувани банкноти во апоени од 50 долари, кои ги пуштил во оптек во казино во Куманово“, соопшти МВР.