Кумановец се вработил со лажна диплома за средно образование
12.05.2026 14:32
| KumanovoNews
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против С.Д.(39) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа”.
„Пријавениот изготвил фалсификувана диплома, во која внел неточни податоци дека има завршено четиригодишно средно образование, и во повеќе наврати во период од 2020 до 2026, при засновање на работни односи во повеќе правни субјекти, ја употребил како вистинска“, соопшти МВР.