Мени

Кумановка повредена од струен удар на работното место

02.07.2026 12:05 | KumanovoNews

Четириесет и едногодишна кумановка се здобила со повреди од струен удар додека извршувала работни задачи во угостителски објект во Куманово.

Кумановка повредена од струен удар на работното место

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, вчера  (1 јули) во 19:20 часот во СВР Куманово, од Итната медицинска помош било пријавено дека кај нив со повреди од струен удар била донесена Д.М. (41) од Куманово.

Според пријавеното, несреќата се случила додека таа работела во угостителски објект на улицата „Бранко Богдански Гуцман“.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.