Куманово со негативен прираст, повеќе умрени од родени
04.09.2019 12:02
| KumanovoNews
Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, Куманово има негативен природен прираст во втрото тромесечје од 2019 година.
Во тој период од годината во Куманово се родиле 245 бебиња, а починале 258 лица, меѓу кои нема ниту едно новороденче.
Природниот прираст изнесува - 13, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.
Во второто тромесечје во кумановско биле склучени 185 бракови, додека 12 завршиле со прекинување на брачната заедница.

