Мени

Кумановската пошта доби шест нови возила

12.06.2026 13:47 | Сузана Николиќ

Подружницата на АД „Македонска пошта“ во Куманово доби шест нови службени возила, дел од вкупно 100 возила што Владата ги набави за потребите на претпријатието со цел подобрување на поштенските услуги низ државата.

Кумановската пошта доби шест нови возила

Со новите возила значително се зголемува возниот парк на кумановската пошта, која досега располагаше со само четири возила.

„Со зголемувањето на возниот парк очекувам поштенската единица во Куманово да работи поефикасно и поефективно во обезбедувањето на поштенските услуги за граѓаните. Во изминатите години Куманово беше малку запоставено кога станува збор за инвестиции. Речиси десет години немаше посериозни вложувања, па затоа се обидуваме постепено да им го вратиме на граѓаните и на општината она што го заслужуваат. Во наредниот месец ќе започне реконструкцијата на објектот на поштата во Куманово, по што тој ќе биде еден од најмодерните поштенски објекти во државата“, изјави генералниот директор Орхан Куртиши.

Набавката на 100 нови возила е дел од поширокиот процес на модернизација на „Македонска пошта“, насочен кон подобрување на квалитетот, ефикасноста и достапноста на услугите за граѓаните и компаниите низ земјата.