Кумановски и српски планинари на Руен и Китка
27.09.2013 08:47
| KumanovoNews
Планинари од клубот “Козјак 2013“ викендов заедно со колегите од клубот Рунолист од Јагодина, Србија ќе се искачуваат на врвовите Руен, Царев Врв и Китка.

Околу 30 планинари и други заинтересирани во сабота ќе ги посетат Осоговските планини при што ќе се искачат на врвовите Руен и Царев Врв, а во недела следи искачување на врвот Китка на планината Козјак.