Мени

Кумановските пратеници ќе добијат канцеларија во Занаетчискиот дом

11.06.2026 11:20 | KumanovoNews

Советот на Општина Куманово денеска даде согласност за отстапување простор во Занаетчискиот дом за потребите на пратениците во Собранието на Република Македонија.

Кумановските пратеници ќе добијат канцеларија во Занаетчискиот дом

Просторот ќе се користи без надомест.

„Станува збор за деловен простор од 19 квадратни метри, кој ќе биде отстапен на користење во период од пет години, со цел да се обезбедат услови за редовна и директна комуникација на пратениците со граѓаните. Предлог-одлуката е донесена по барање на Собранието и е дел од поширок проект што се реализира во сите општини“, изјави раководителот на Секторот за правни работи, Иван Ангеловски.

Се работи за просторот каде што порано се наоѓаше угостителскиот објект „Калимеро“.

Канцеларијата ќе ја користат кумановските пратеници Оливер Спасовски, Бране Петрушевски, Даниел Стојчевски и Аљми Азири.

Ова е трет деловен простор што Општина Куманово го отстапува на користење на други субјекти. Претходно простор добија Занаетчиската комора и Европската куќа, а сега и пратениците.