Мени

„Љубов“ – изложба на фотографии на Марјан Скрижевски

18.03.2026 07:09 | KumanovoNews

Во Изложбениот салон на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, утре во 19 часот ќе биде отворена првата самостојна изложба на Марјан Скрижевски, насловена „Љубов“.

„Љубов“ – изложба на фотографии на Марјан Скрижевски

Марјан Скрижевски е роден 1974 година во Куманово. Средното образование го завршил во гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово. Со фотографија активно се занимава во последните десет години. Сè што знае за фотографијата има научено самостојно – преку читање на интернет, гледање видеа на „Јутјуб“, но најмногу преку сопствено искуство додека фотографирал.

На изложбата ќе бидат претставени фотографии од цркви, езера, водопади, планини и други природни убавини од Македонија.