×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Локално невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град до крајот на неделата

    15.06.2023 14:35 | Сузана Николиќ

    Под влијание на циклонска активност од денес попладне и во текот на утрешниот ден времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи, а на повеќе места ќе наврне поголема количина на воден талог (над 25 l/m 2 за 24 часа). 

    Локално невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град до крајот на неделата

    Како што соопштуваат од Управата хидрометеоролошки работи локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град.

    За време на викендот врнежите ќе бидат локални и проследени со ретки грмежи, а ќе дува и засилен северен ветер.

    Од УХМР предупредуваат во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.