„Малата сирена“ премиерно во Кумановскиот театар
Претставата „Малата сирена“ по мотиви на Ханс Кристијан Андерсен, во режија на Бојана Краљевска, утревечер премиерно ќе биде изведена во Кумановскиот театар.

Ова е прва претстава за најмладите во која публиката ќе ужива во двата света, морскиот и копнениот, светот на принцови, морнарите, на сирените рибите, школките, коралите.
Се надевам дека успеавме да направиме добра претстава и нема да ги разочараме најмладите, напротив ќе ги освоиме, изјави Краљевска.
Актерката Русеска ја игра малата сирена, а нејзините колеги Никица Јовановски и Кети Дончевска Илиќ ги толкуваат улогите на рибата Ушко и на вештерката од морското дно.
Во претставата играат и Марко Трајковиќ, Александра Михајловска, Дубравка Киселички, Жарко Јовановиќ и Владо Дојчиновски.
Почетокот е во 18.30 часот.