Малолетник се повредил со петарди, побарал помош во Кумановската болница
05.01.2025 20:54
| KumanovoNews
Малолетно лице се се здобило со повреда предизвикана од пиротехничк средства, по што било пренесено во Кумановската болница.

„Вчера во СВР Куманов лекар од Општа болница Куманово пријавил дека кај нив со повреди бил донесен малолетник. Според пријавеното малолетникот со повредите се здобил од пиротехнички средства- петарди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.