Марија Доневска-Голубовиќ нова претседателка на Форумот на жени на СДСМ Куманово
04.09.2026 10:53
| KumanovoNews
Марија Доневска - Голубовиќ е нова претседателка на Форумот на жени на ОО СДСМ Куманово.
Таа доаѓа на местото на Марина Манојловска, која сега е дел од Советот на Општина Куманово.
Доневска - Голубовиќ е дипломирана економистка, работи во Агенцијата за вработување во Куманово.
Членува во СДСМ од 2010 година и досега ги извршувала партиските функции: претседателка на месен одбор, членка на извршен одбор, шефица на реон, членка и потпретседателка на Форумот на жени во Куманово.
„Ти посакувам успешна работа, многу енергија и посветеност во исполнувањето на оваа значајна одговорност. Заедно, обединети и посветени, да продолжиме да чекориме кон нови успеси и победи“, порача претседателот Дарко Ристовски.