Мигранти од Кувајт и Сирија се криеле во напуштена викендичка во Табановце
16.11.2024 15:36
| KumanovoNews
Полицијата открила 11 мигранти, кои се криеле во напуштена викендичка во кумановското село Табановце.

„На 14. ноември во 17.00 часот, во руинирана викенд куќа во с.Табановце, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот, пронашле 11 лица мигранти, од кои 10 од Кувајт и едно од Сирија. Лицата биле сместени во транзитен центар Табановце за понатамошна постапка“, соопшти МВР.