Миниматура се славеше и во „Развигорче„
01.06.2010 13:44
| KumanovoNews
Осумдесетина дечиња од градинката „Развигорче„ денеска прославија миниматура и нивното заминување од градинка во училиште.Децата од сите групи организираа приредбата за славениците, нивните родители и роднини.

Забавата воедно претставува и разделба од нашата установа, учителките и воспитувачките. Приредбата е организирана за да покажат децата што научиле за време на нивниот престој кај нас. Подготвија игри и песни со кои ги воодушевија присутните - рече учителката Снежана Стефановска.
Прославата на миниматурантите заврши со торта.