Момче обљубило соселанка
24.09.2013 13:50
| KumanovoNews
Момче од Ранковце нападнало и обљубило девојка од истото село.

Д.С.(18) додека се движел по локалниот пат од селото Ранковце кон селото Герман, во близина на Ветеринарната станица пресретнал 23-годишна девојка, негова соселанка и почнал да ја допира. Потоа ја турнал на патот и откако таа паднала продолжил да ја допира по телото. Исплашената и вознемирена девојка успејала да се отргне од напаѓачот и побегнала. Веднаш заминала и го пријавила случајот во полиција.
Д.С. од село Ранковце ќе одговара за сторено кривично дело „силување“ .